Македонија вработува 2 во Охрид

Караванот на Македонија вработува 2 синоќа во Охрид. Проектот продолжува и нареднава година, а од охридскиот центар за вработување се задоволни од досегашните резултати.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Продолжува проектот Македонија вработува. Синоќа на плоштадот во Охрид заинтересираните граѓани и работодавачи можеа да се информираат за сите новини во Законот за вработување и поволностите кои ги нуди овој проект. Веќе една година од кога започна неговото реализирање па од охридскиот Центар за вработување ги сумираат резултатите каков е бенефитот за општинава.

Како резултат на овие поволности  во Охрид вработени се повеќе од 631 лице од сите возрасни категории. Радува фактот што најголемиот процент се  лица во латегоријата над 35 год. Возраст  од кои вработени се повеќе од 410 лица, вели Јован Баткоски, директор на Центарот за вработување во Охрид.

Овие каравани се ретка можност работниците и работодавачите да се сретнат на едно место и да можат да си го најдат својот заеднички интерес. Условите кои ги бара законот за вработување не се многу ригорозни па поголем дел од работниците и работодавачите можат да ги исполнат, објаснува Баткоски. Преку проектот Македонија вработува граѓаните ќе можат да си најдат работа до 27 јуни 2017та година.

Целта на овие наши каравани на Македонија вработува 2 е граѓаните и работодавачите да бидат подобро информирани што им се нуди. ЗА се она што не им е јасно можат да ги прашаат нашите стручни служби, вели Баткоски.

Овие каравани се организираат во сите градови каде Агенцијата за вработување има свои центри. Наредниот треба да се одржи во Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top