Македонија рекордер по број на пушачи

Наспроти трендот во земјите со развиена свест за штетноста од пушењето, во Македонија постојано се зголемува бројот луѓе со цигара во рака.

 |   | 

Наспроти трендот во земјите со развиена свест за штетноста од пушењето, во Македонија постојано се зголемува бројот луѓе со цигара во рака. Во просек, годишно, секој пушач во земјава консумира по 2.732 цигари, се вели во последниот извештај на Светската Здравствена Организација.

Институтот за јавно здравје по повод Меѓународниот ден против пушењето (31 Мај) излезе со загрижувачка статистика: 46 проценти од жителите во Македонија се пушачи. Според Институтот, најголемите консументи на тутун се помеѓу 35 и 64 години.

Но, како полесно да се откажете од пушењето со цел да го зачувате вашето здравје, но и да заштедите?

Според едно израелско истражување Омега-3 масните киселини можат да им помогнат на луѓето при откажување од пушење цигари.

Консумирањето на додатоци на исхраната богати со Омега-3 и храна богата со Омега-3 масни киселини помага за намалување на потребите од никотин кај пушачите.

Во истражувањето учествувале 48 пушачи на возраст од 18 до 45 години, кои во текот на еден месец консумирале додатоци во исхраната богати со Омега-3 и на крајот од истражувањето дневно пушеле по две цигари помалку од оние лица кои добивале плацебо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top