Претставници на големи фирми од сверата на информатичката технологија, подготвени да инвестираат во Македонија.
Европските големи фирми во моментов се навистина спремни да отвораат фирми во Македонија. На конференцијата организирана од страна на МАСИТ, комората на информатичка индустрија во Мкедонија, присуствуваа претставници на големи фирми од светот, кои се отворени своите знаења да ги прелеат кај нас. Фирмата која ќе стане член на бордот, може да очекува да има голем пристап до информации, што во светот на информатичката технологија претставува голем бенефит. Нема да биде табу тема каде одат намерите на големите фирми, во што имаат намера да инвестираат, големите фирми се желни да понудат една платформа каде што можат да членуваат сите. „Јас како член на Еrikson, а воедно и на невладината организација IMOBILITI , стојам на располагање за да овозможам пристап до сите информации, за сите заинтересирани помали фирми од регионов. Ние сме организација, форум на јаки европски фирми, каде можност да членуваат и мали фирми од регионот од Балканот. Работиме со буџети кои за македонија се недодтапни, односно нема таква јака фирма која може да ги следи, рече Владимир Чобанов. член на лоби тимот за IMOBILITI I Erikson.
„Ја кажуваме дестинацијата, планот и програмата за наредните 5 год, каде ќе бидат и со тоа им се дава шанса на малите фирми да инвестираат знаење, време и автоматски да ги користат ресурсите кои ги имаат големите фирми. Со тоа тие ќе информирани во кој правец ќе оди напредокот на технологијата за да не тапкаат во место, да не губат од рејтингот, а тоа е многу важно за влез во европската унија. Членови се претежно мали фирми од балканскиот регион, од Бугарија од Косово. Се нудат 4 места за академски професори и фирми од Македонија ако пристапат во IMOBILITI. Ќе добијат можност да слушне светот за нив, со самото тоа ќе си овозможат да делуваат и на поголемите фирми“. вели Чобанов.
„Образованието и познавањето на англискиот јазик овде кај вас се на вистина високо ниво. Токму поради тој факт ние како големи фирми сме подготвени да инвестираме овде, Очигледно е дека состојбата во развојот на информатичката технологија овде кај вас оди во нагорна линија. Ние како фирма која има повеќе потрошувачи отколку што можеме да постигнеме, сме подготвени да понудиме услуги овде кај вас. Број 1 проблем овде е недостаток на стручен кадар и нашата цел е преку вакви средби да донесеме знаење и да го подобриме системот на работа“,
рече Боаз Инбал, пртставник на MATRIKS GLOBAL од Израел. Тој додава: „Воопшто не е страшно де сте член од бордот. Профитабилност во смисол на финансиски бенефит тука нема, едноставно нешто што се добива е знаењето и информациите. Сепак тоа во време на информатичка ера претсатвува голема придобивка, а ние токму поради тоа сме и овде, да понудиме информации“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град