Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.
Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.
Општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го одбележа овој момент.
Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Македонија се оправда пред Европа преку исполнување на критериумите кои и беа поставени како услов да зачекори кон нејзиниот праг.
„Би сакал да подвлечам дека препорачавме отварање на преговорите за пристап во членството на ЕУ за Р Македонија. Државата постигна убедлив напредок и главно почна да ги спроведува најважните реформи, поточно добро познатите 8 плус еден бенч маркови“, стои во изјавата на Еврокомесарот Оли Рен, дадена на денешната пресконференција во Брисел.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, препораката за одредување на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, ја сметаат за клучен момент во историјата на Р. Македонија. Подготвени ја дочекаа истата, и ја одбелажаа со дефиле на автомобили со развиорени знамиња низ охридските улици.
Според Стефаноски три и пол годишниот ангажман на Премиерот Никола Груевски и Владата на Р. Македонија, вроди со плод.
Во извештајот покрај другото стои и дека Европската комисија годинава, покрај тоа што препозна сериозен реформски напредок во нашата земја, упатува и низа критики кои не смеат да се игнорираат. Меѓу најважните се законот за антидискриминација, и генерално односот кон хомосексуалците и ромското малцинство.Европската комисија е загрижена и за инцидентите во Струга и генерално за етничките смени. Се бара имплементација на законот за јавна администрација.
Се упатуваат остри забелешки и за слободата на медиумите, за владините реклами, за тесната поврзаност на медиумските сопственици со политичките структури и се истакнува дека сите овие фактори доведуваат до новинарска автоцензура и ограничување на слободата на изразување. Сиве овие критики кога тогаш во текот на преговарачкиот процес ќе излезат на виделина. Затоа сите политички актери треба веднаш да се сконцентрираат на недостатоците и да ги корегираат на време.Конечната одлука дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори ќе ја донесе Советот на ЕУ во декември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град