Македонија и Охрид на саeм за туризам во Белград

Општина Охрид, својата туристичка понуда ја претстави на еден поинаков начин, преку непосредни контакти со истакнати личности од културниот и економскиот живот, како и преку промоција во медиумите во Србија.

 |  Крсте Голабовски  | 
saem za turizam Belgrad
saem za turizam

Македонија и Охрид излагачи на најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа,

„Бенефитот е тој што сите луѓе кои сакаат да доживеат нешто убаво и квалитетно имаат убава и квалитетна информација преку промоцијата во Српската национална ревија“, информира Вујовиќ.

Ваквиот начин на промоција на Охрид доби амин и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која со свој штанд ја претстави речиси целокупната македонска туристичка понуда на овој саем. Живка Цветкоска – Андоноска информира дека станува збор за четири ко-учесници, ХОТАМ, „Ресторан Острово“, винаријата „Попова кула“ и Т.А „Савана“, додека на истиот, со свои промотивни материјали се претставија и други туристички работници кои на саемот допатуваа во сопствена режија.

„Штандот го закупува агенцијата, односно сите туристички потенцијали, а тие што сакаат нормално ќе си донесат свои промотивни материјали, односно оние кои ги печати агенцијата каде се трудиме сите да се подеднакво застапени.Ако некој сака на свој штанд да се рекламира тогаш треба да партиципира со една симболична сума како коучесници, со што би делегирале и би се видела сериозноста на оние кои се заинтереирани.“ информира Андоноска.

shtand na OhridТогаш повеќе од очигледно е прашањето: Зошто за простор на македонскиот штанд мораа буквално да се борат оние кои го претставуваат столбот на македонската туристичка понуда, хотелиерскиот еснаф? Се обидовме да добиеме одговор на тоа прашање од директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-динот Јордан Трајков, како и за симболичната сума, која од останатите заинтересирани ја побарала Агенцијата за нивно коучесништво, но лаконски бевме одбиени под изговорор дека не е подготвен за изјава после напорниот службен пат од кој пристигнал на саемот. Еден од туристичките работници кои во своја режија настапија на белградскиот саем е и Горан Устијаноски, туристички работник, кој кажа дека овој саем поради својата близина е настан на кој мора да се присуствува.

„Финансиски е издржливо, бидејќи Белград не е далеку, а средствата за транспорт не се големи, така да можеме да си дозволиме еден таков луксус односно инвестиција за следната сезона“ потенцира Устијаноски.

И додека ние се надевавме дека со навистина добрата локација, но и преку обскурните промотивни материјали, бисерите и староградската музика ќе успееме да бидеме барем приметени на саемот, некои земји од регионот заминаа со по некоја награда. Така, сега веќе светската туристичка сила, Хрватска замина од саемот токму наградата за најдобро уреден штанд. Но хрватите велат, и покрај големата промотивна машинерија која стои зад нив, сеуште веруваат во девизата дека најдобрата реклама ја прави задоволниот гостин. Политиката на формирањето на цените на нивниот туристички производ пак и покрај тешките времиња сега, воопшто не им задава главоболки.

„Но, јас секогаш велам дека за секого се наоѓа по нешто, но надвор од нашата моќ сега се тие комерцијални моменти бидејќи сме ние Туристичка организација на Хрватска и баш не можеме да влијаеме на туристичките агенции на формирањето на нивните цени, но мислам дека за секого може да се најде поповолен аранжман, а и луѓето знаат да се снајдат и да го пронајдат она што го сакаат“ објаснува Бабиќ.

Инаку, оваа година Меѓународниот саем за туризам во Белград го видоа повеќе од 55 000 посетители. 1001 излагач, од 46 земји. Организаторите очекуваат заработка од повеќе од 150 000 евра само од продадени влезници, додека сумата на која се надеваат од издавање на просторот за излагање треба да надмине 2 милиони евра.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top