Во Македонија нема заштита на правата на интелектуална сопственост

Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави.

 |  Лионела Јаковлева  | 
intelektualna sopstvenost
intelektualna sopstvenost

Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави.

Медиумите кои легално емитуваат програма не можат рентабилно да работат поради нелојалната конкуренција за сметка на оние медиуми кои немаат никакво право на емитување на одредени емисии или филмови. Авторите на композициите, продуцентите и многу други секојдневно се сретнуваат со проблемот на незаштитени авторски права. Пиратеријата зема се поголем замав. Се поставува прашањето кога во Македонија овој проблем конечно ќе биде решен.   Експертите сметаат дека само со  прекуграничната соработка и со почитување и спроведување на законската регулатива, можиме да ја  заштититиме интелектуалната сопственост. Калиопи Букле вели дека во Македонија има закон, но за жал не се почитува. Таа додава дека уметниците за својот труд не земаат ниту денар од ЗАМП и дека во ова здружение се е поставено на погрешен начин.

Продуцентот Дарко Димитров потенцираше дека веќе 18 години дел од уметниците се борат за заштитата на авторските права. Тој објаснува дека досега има направено над 200 композиции за различни изведувачи и има над 800 продукции, а за  сето тоа и тој од ЗАМП нема добиено ниту денар.

konferencijaДимитров како позитивен пример ја посочи Хрватска каде Здружението за заштита на авторските права има прибрано десет пати повеќе средства од она во Македонија.

Инаку денес на оваа тема во Охрид се одржува Билатерална конференција на која присуствуваше и американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер. Тој истакна дека неговото присуство е потврда за ангажманот на Амбасадата на САД во заштитата на американската интелектуална сопственост. Тој рече дека  проблемот со интелектуалната сопственост обично се минимизира, а фалсификуваните стоки се смета дека се во полза на купувачот. „Тоа е погрешен пристап кој и штети на економијата како глобално така и локално“, истакна Рикер.

Рикер посочи дека според податоците со кои располагаат ФБИ и Интерпол, седум до осум проценти од светската трговија отпаѓа на фалсификувана стока или во средства се работи за обрт вреден 512 милијарди долари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top