Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност.
Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност.
Македонските цариници ќе се учат како да се однесуваат кога на царинските терминали ќе откријат радиоактивен отпад. Досега во вакви ситуации процедурата што се спроведувала била нејасна па поради тоа радиоактивниот отпад и по неколку денови чекал на некој од терминалите. Не беше многу одамна кога камион со радиоактивен отпад се обиде преку Косово да влезе во Македонија со цел да стигне до Грција. На субрегионалниот курс кој деновиве се одржува во Охрид ќе се постават правилата како да се постапува во вакви и слични ситуации, вели, Румен Стаменов, директорот на Агенцијата за радиоактивна сигурност
Тој објаснува дека за решавање на проблемот со радиоактивниот отпад треба заедно да соработуваат сите земји од регионов. Во оваа област, потенцира Стаменов, нема привилегирани и потчинети. „ За сите мора да важат исти паравила, а не како досега што соседите сакаа да ни го подметнат својот радиоактивен отпад. Многупати камиони со ваков товар илегално се обидуваа да ја преминат границата со цел да транзитираат низ Македонија“, кажува Стаменов.
Инаку во моментов во Македонија постојат три приватни складишта за радиоактивен отпад кои ги исполнуваат сите потребни услови, но сеуште нема државно складиште за што во блиска иднина треба сериозно да се размисли, потенцира Стаменов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град