„Македонија е најдобро чуваната тајна на светот“

Група студенти од универзитетот Поинт Парк од Питсбург, ќе го промовираат Охрид во Соединетите американски држави.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohrid
Охрид

studenti PitsburgШест студенти по реклама и односи со јавноста од Поинт Парк универзитетот од Питсбург ќе го промовираат нашиот град во САД.

Тие летово ќе го поминат во Охрид запознавајќи се со нашата култура и традиција, а за време на нивниот престој ќе создаваат промотивна кампања за зголемување на бројот на туристи од САД во Македонија. Студентите во Охрид доаѓаат заедно со нивниот ментор, професорот Јохан Ејсел кој веќе ја имал можноста да ја посети нашата земја. Воодушевен од она што го видел, побарал од студентите да работат посветено затоа што доаѓањето во Македонија за нив ќе биде неповторливо искуство. Тие во Охрид се веќе една недела, а еве на што работат во моментов.

promocija studenti„Минатава недела, Џејми и јас работевме на презентацијата за брендирање за да им помогнеме на локалните луѓе во она кое би требало да го работат, да им помогнеме да ги брендираат нивните производи, нивните ресторани, компании. Јас во моментот работам на неколку памфлети и неколку менија, воглавно сум дизајнерот во групата, но во изминатава недела правевме презентации за брендирање па се надеваме дека тоа ќе биде голем успех. Со нетрпение чекам на тоа да ги научиме луѓето она што го знаеме и се надеваме дека тоа ќе го сфатат позитивно и ќе го прават тоа и самите.“-вели студентот Џордан Вилијамс.

Џејми Борзик, уште една од студентите вели дека се надева дека Македонија ќе ја претстават најдобро што можат пред американските туристи.

Ohrid„Јас сум специјалистот за односи со јавноста и работев на контактирање на локалните бизниси и запознавање на луѓето за да ја разбереме подобро културата и ако ја разбираме подобро културата, ќе можеме подобро да го промовираме туризмот во САД. Како што кажа професор Ејсел, генерацијата со која работиме е бејби бум генерација и ако може да ја разбереме, сигурно ќе најдеме начин за да им ја промовираме нив.“-рече Џејми Борзик.

Професорот Јохан Ејсел смета дека Македонија има огромен потенцијал, но вели дека сите луѓе кои ги запрашал дали знаат нешто за Македонија, му рекле дека не знаат ништо. Сепак ова според Ејсел е позитивно бидејќи на тој начин ќе може да им покаже на американските туристи што пропуштале досега и дека Македонија е најдобро чуваната тајна на светот.

Prof. Ejsel„Дојдов овде минатата година во Охрид и бев изненаден што има толку малку туристи, а ова е неверојатно убаво место. Потоа ја запознав Весна Палмер и разговаравме, па една работа водеше кон друга и ете не, и мислам дека ова место може да привлече многу повеќе туристи споредено со она што го дознав пред само некој момент дека лани бројката била околу 15.000 за јули и август, а и дека иста бројка се очекува и оваа година. Прво мислам дека туристичката сезона трае многу подолго, започнува во Мај и трае до Септември, па вие пресметајте. Ќе добиете повеќе туристи, повеќе пари во овој регион, а ако има повеќе пари, сите добиваат.“-изјави професор д-р Јохан Ејсел.

Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот смета дека овој проект треба да биде само отскочна штица за многу поголема соработка и многу повеќе туристи од САД кои би доаѓале тука.

„И се дава посебно значење на можноста да преку вакви настани и групи обезбедиме поголеми информации за американскиот пазар, а со тоа нормално во иднина да дојдеме до поголем број на туристи од САД. Што значи дека ова е еден начин на промоција на Македонија, преку ваков тип на соработка со универзитетот од Питсбург во овој случај.“-рече Суклоски.

reklamna kampanja za SADИзвршниот координатор на туристичкиот кластер за југозападниот регион, Ружди Муфти вели дека благодарение на овој проект Македонија е во ситуација да излезе на американскиот пазар конкретно за бејби бум генерацијата на туристи.

„Јас искрено размислувам не само за американскиот пазар, туку и за пазарот на земјите околу нас кои имаат потенцијал, како Германија, Турција, Србија, Бугарија, мислам дека таа бејби бум генерација е секаде присутна и мислам дека Охрид со своите климатски услови е идеален за еден ваков туризам.“-вели Ружди Муфти.

Шесттемина студенти овде остануваат до крајот на летото, а како јагода на шлагот од нивниот престој и работа овде, ќе биде презентацијата која ќе ја изготват и прикажат на 26ти Јули, презентација која потоа ќе биде пуштена и пред американските туристи.

Инаку овој проект тие го спроведуваат со подршка на невладината организација Мултилингвална и Мултикултурна Хармонија како и организацијата Македонска мисија за хуманост на чело со извршниот директор, Весна Палмер. Само за илустрација колку овој проект им значи на студентите, информацијата дека тие сами си го финансираат престојот во Македонија. Па им посакуваме успешно претставување пред туристите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top