Македонија е лидер во регионот во спроведување на проекти на МОС

Подобрување на меѓуетничкиот дијалог меѓу заедниците и тоа преку вработувања со меѓуопштинска соработка, тема на работилницата која се одржа денес под покровителство на UNDP.

 |  Татјана Маленкова  | 

Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка.

„ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство и со ЈП Комунално Струга, ќе има вработување за кои средства издвојува и UNDP и Комуналното претпријатие“, вели координатор за развој на капацитетите и грантови Анита Дамјановска.


За проектот за хортикултурно уредување помеѓу општините Струга и Вевчани зборува и Владислав Жупан, раководител на ТЛЕР, при општина Струга.

„ Реконструкција на расад за хортикултурен матријал во општина Струга и Вевчани, обука на луѓето, облагорудување на повеќе локалитети во Струга и вевчани. Ова не е прва иницијатива имало и претходно во делот на проширување на туристичките капацитети. Овие иницијативи ќе се прошируваат и во наредниов приод“, вели раководител на ТЛЕР – Струга, Владислав Жупан.

Жупан предлага моделот на меѓуопштинска соработка да се искористи и помеѓу општините Охрид и Струга со цел да се добие поголема транспарентност и поголема ефикасност на општинската адмонистрација. „Инспекциските служби да можат да разменуваат инспекции од сверата на урбанизмот, животната средина и да се постигне непристраснот и поголема професионалнот во одност на дадените ингеренции“, додава Жупан.

Едниците за локална самоуправа можноста за меѓуопштинска соработка ја користат масовно. Постојат повеќе облици на ваква соработка но и начини за вработување на стручен кадар.

„ Во зависност од обликот на меѓуопштинска соработка законот донесен во 2009 год дава можност  за формирање на шест облици на меѓуопштинска соработка во зависност од избраниот облик се решава и начинот на финсирање на функционирањето на МОС.  
Главни начини на финсирање се случаи каде секоја општини ги плаќа своите вработени за вршење на надлежности и за потребите на матичната општина и потребите на другите општини вклучени во едно партнерство или МОС“, вели раководителот на компонента во програмата за меѓуопштинска соработка, Илмиасан Даути.

Даути потенцираше дека Македнија е лидер во регионот во областа на меѓуопштинската соработка, и додаде дека многу земји сакаат да ги превземат и имплементираат туѓите искуства за потребите на своите општини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top