Македонските градоначалници и странските дипломати кои учествуваа на Конференцијата „ Три години од процесот на децентрализација “ истакнаа процесот во земјава во сите сфери не се одвива според очекувањата.
Македонските градоначалници и странските дипломати кои учествуваа на Конференцијата „ Три години од процесот на децентрализација “ истакнаа процесот во земјава во сите сфери не се одвива според очекувањата.
Постигнат е успех, но тоа не е доволно, истакна претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски. ЗЕЛС ќе бара од централната власт зголемување на ДДВ од 3 на 6%, зголемување на персоналниот данок, доделување на градежното земјиште со што ќе се овозможи поголем економски развој, но претходно со расчистување на имотно правните односи кои се најголем проблем во Македонија, рече Трајановски.
За градоначалникот Александар Петрески нема успешна децентрализација без Охрид, ако градот не влезе во втората фаза, децентрализацијата е осудена на неуспех истакна Петрески. Тој очекува решавање на проблемот.
Според градоначалникот на Велес, Аце Коцески, Македонија во процесот на децентрализација заостанува зад Косово, Србија и БиХ. Статистичките податоци покажуваат дека македонските општини трошат најмалку средства од буџетот во Европа, само 7%, додека централната власт користи 93% од собраните средства. За споредба во Чешка 59-60% од финасниските срества добиваат општините, додека во Данска тој процент изнесува 65%. Република Македонија фискално сеуште е најцентрализирана држава во Европа, рече Коцески.
Бројните странски дипломати ја пофалија досегашната имплементација на децентрализација, но се осврнаа и на период кој престои. Ги повикаа македонските градоначалници престојните локални избори да ги водат чесно. Странските дипломати укажаа во Макеоднија да не се повтори веќе виденото од вонредните парламентарни избори. Предупредија дека светот гледа што се случува.
И вицепремиерот за Евроинтеграции, Ивица Боцевски упати апел до политичките фактори политичката кампања на престојните мартовски избори да ја водат демократски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град