Македонија е високо ризична земја за работниците

Македонија е високо ризична земја за работниците.во 2017год. се евидентирани 24 смртни случаи на работно место и над 1600 повреди. Сеуште нема точен податок колкав е бројот на  професионалните заболувања. Затоа Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Сојузот на синдикатите на Македонија и организацијата на работодавачи организира прва обука за организациски развој на синдикалните организации. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во РМ во 2017год. се евидентирани 24 смртни случаи на работно место. Државниот инспекторат за труд пак во своите извештаи нотифицирал дека во 2017год. се евидентирани над 1600 повреди на работните места. Како најризични професии се истакнати градежништвото, земјоделство, јавната администрација. Според сите податоци Македонија е високо ризична земја за работниците.

Ние во нашата организација имавме доста пријави од страна на семејства кои бараат правна помош во овој дел, а ние на вакви дебати секогаш говориме и се бориме дека согласно Законот за работни односи и исплата на бруто плата на работниците треба да се издвојува процент за покривање на вакви барања. Моментално се издвојува 0,5% за професионалните заболувања, но немаме информации каде тие средства завршуваат, вели Весна Ристовска, проект менаџер.

Скопје е на прво место по бројот на случени повреди на работните места, но не е мал бројот и во помалите градови. Сеуште нема точен податок колкав е бројот на професионалните заболувања.

Институтот за јавно здравје во својот извештај нотифицира дека од извршени околу 45 000 превентивни прегледи, работниците кои работат на работни места со висок ризик два и пол пати се повеќе изложени на опасности и штетности на работните места, вели Ристовска.

Работодавците според Законот за безбедност при работа се должни на работниците пред да засноваат работен однос да ги информираат за сите опасности кои ги демнат на даденото работно место, но речиси никој од нив не го почитува овој закон. Затоа Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Сојузот на синдикатите на Македонија и организацијата на работодавачи организира прва обука за организациски развој на синдикалните организации. Идејата на овие предавања е како да се зголеми вклученоста и влијанието на граѓанското општество во спроведувањето на клучните реформи за безбедност и здравје при работа и како да се воспостави партнерство и диалог со регионалните организации кои делуваат во ИПА регионот. Ќе бидат организирани осум специфични обуки за различни таргет групи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top