• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово со заеднички сили против нелегалната трговија со оружје

Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово со заеднички сили против нелегалната трговија со оружје

Денес беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово за формирање на експертска група која ќе презема мерки против недозволената трговија со оружје. 

 |  Мишел Наумоски  | 
sefovi policii JIE

Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал.

memorandum policiiПетер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната трговија со огнено оружје во регионов.

„Во нордиските земји веруваме само во заедничкиот бенефит од взаемната прекугранична соработка, толку силно што трите нордиски земји, Данска, Норвешка и Шведска одлучија да го поддржат формирањето на секретаријатот со фондови и се надеваме и посакуваме среќа во идното работење и во Балканските земји.“-вели Колмрон.

Според директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, во изминатите неколку години регионот е крстпат за меѓународни канали на нелегална трговија со оружје, а неретко и регион на потекло и крајна дестинација на нелегалното оружје. Тој смета дека официјализирањето на експертската група за недозволена трговија со оружје ќе ги подигне на едно повисоко рамниште превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид криминал.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top