Како да ги задржиме образованите кадри во Македонија?

Се  поголем број на студенти веднаш по завршувањето на студиите, ја напуштаат Македонија.

 |  Маленкова Татјана  | 
fakultet informaticki tehnilogii
факултет информатички технологии

Се поголем број на студенти веднаш по завршувањето на студиите планираат да ја напуштат Македонија со недеж дека ќе имаат поголеми шанси за вработување и подобри услови за живот некаде надвор. Ваквиот одлив на мозоци во прилог им оди на земјите од Европската унија кои ги отвораат своите врати за образовани луѓе од одредени профили, како медицински работници, информатичари, инжињери.  
„Основата политика која ја изгради европската унија, по последната финансиска криза во 2008 – 2009 год., беше да ги отвори вратите за сите талентирани и образовани млади луѓе“, истакна проф. Д-р . Билјана Секуловска Габер продекан на економски факултет Скопје.

„Тие сватија дека мора нешто да направат за проблемот да не им чукне на нивниот праг. Од друга страна Biljana Gaberмора фирмите да се тие што ќе се свртат кон младите и кон популацијата на која треба да и ја претстават европскта унија и треба токму ЕУ да ја донесат дома, за да немаме потреба да заминуваат. Токму тоа е нашата цел. Како што јас им велам на студентите треба Европа да ја донесеме дома.  Не зависно кога ќе стане Македнија членка на ЕУ“, истакна проф. Д-р. Билјана Секуловска Габер, продекан на економскиот факултет.

Секуловска Габер излезот од оваа ситуација го гледа во бизнис заедницата. Таа смета дека токму тие,  доколку почнат да ги вработуваат најдобрите, не само што ќе ја намалат невработеноста во земјава , туку и ќе ја намалат и желбата на младите да ја напуштат земјата во која се родиле, растеле и се образовале. „Ако ние на младите им ги отвориме патиштата кон знаење кон можност на соработка на бизнис заедницата желбата да се оди надвор нема да биде толку голема колку што е сега“, вели Габер. Професорката моменталната ситуација во Македонија ја отценува како многу тешка.

„Ситуацијата во Македонија е ,многу тешка.Бројките само за себе зборуваат дека е многу тешко. А тоа може да се подробри само со подобро образование, со поголема отвореност на проток, на идеи на знаења едноставно да имате влез и излез.Така да нека одат нека видат надвор и кога ќе споредат ќе речат овдека треба да се вратам за да го пренесам знаењето што го научив“, истакна проф Д-р. Габер.

Габер тврди дека секоја отвореност на една земја носи развој. „Колку повеќе се отворите и ги отворите вратите други да дојдат внатре развиеноста ќе биде поголема“, додава продеканот на економскиот факултет.  
Таа открива дека Економскиот факулет при универзитетот Кирил и Методиј ги отвора вратите и за бизнос секторот и тврди дека  имаат влијание на образовниот процес со што ќе покажат  какви кадри му се потребни на бизнис секторот во Македнија.
Инаку и Владата на Р Македонија признава дека во последните 20-ина години на Македонија и се случува интелектуална емиграција. Дури 29 отсто од високообразованите лица живеат надвор, а 85 проценти од младите во завршни студиски години се изјасниле дека својата иднина ја гледаат вон границите на државата. Загрижувачките податоци беа повод Министерството за образование и наука да креира национална стратегија за намалување на одливот на високообразован кадар и за вмрежување и соработка 2013-2020.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top