Македонците ќе јадат по француски терк

Македонија ќе се храни по стандарди и насоки од Француската национална агенција за безбедност на храна.

 |  Татјана Маленкова  | 
Atanasko
Атанаско

Македонија ќе се храни по стандарди и насоки од Француската национална агенција за безбедност на храна.

Atanasko MihailovОд ХАСАП стандардите не можеме да избегаме.„Безбдноста на храната е многу битна за земјите членки на ЕУ“, вели директорот на заводот за здравствена заштита.

Македонска делегација неколку дена на обука во Француската национална агенција за безбедност на храна. „Таму имавме можност да видиме како изгледа системот за безбедснот на храна во една членка на ЕУ, која што е меѓу првите во тој дел. Французите се познати по тоа дека работат по највисоки стандарди. Би биле среќни ако можме да импламентираме барем 50-60 % од она што го имаат Французите во моментов,но за жал во овој моментние сме далеку од нивните стандарди“, вели директорот на заводот за здравствена заштита.

„Ние имаме систем, кој треба да почне да се имплементира. Кај нас треба да се вложи повеќе и знаење и енергија како и одредена количина на средства.  Центрите за јавно здравје, кои ги спроведуваат основните мерки за безбедност здравје, исптување на храната преку државниот санитарен инспекторат кој треба да врши проверка во случај на несакани последици од тоа. Ако почне да функционира целиот тој систем, тогаш верувам дека имплементацијата на тие стандарди би била можна“, вели Атанаско Михаилов.

Македонија има прекрасно поднебје за производсво на здрава храна. Но треба сите да си го најдат своето место и да се придржуваат на стандардите кои ги бараат за производство на здрава храна.  „Здравата храна треба да биде бренд на Охрид. Растенијата најдобро се развиваат без уништување на природата во функција на производство на здрава храна“, вели Ванчо Стојаноски, долгогодишен  производител на здрава храна.

Агрохемијата доведе до дебаланс на хранливите материи во почвата, така да примената на микробиолошките ѓубрива значат, земеното од природата и повторно да се вратат назад.
„Минералното ѓубриво, треба под итно да се замени со природно“, вели проф. Стеван Бошњак, член на париската академија на уметностите и партнер на проектот.

Инаку во Македонија во мометов се изготвува новиот закон за безбедност на храна. Дознаваме дека  текстовите веќе се напишани, ушто укажува на фактот дека и законот за брзо време ќе ги помине сите формалности и ќе биде ставен во функција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top