Работодавачите на Македонија и Унијата на работодавачи од Црна Гора организираа бизнис средби со претпријатија од повеќе област.
Работодавачите на Македонија и Унијата на работодавачи од Црна Гора организираа бизнис средби со претпријатија од повеќе области како градежништвото, туризмот, нафтената индустрија и др. Целта е да се запознаат црногорските и македонските фирми заради размена на искуства, вложување во нашата држава, развивање на нови бизниси како и можност за размена на работници од овие две држави. Една ваква средба денес се одржа во Охрид .
„Само оваа година во Црна Гора имаше преку 100 000 работници од Македонија, рече Владимир Чуровиќ, генералниот секретар на Унијата на работодавачи на Црна Гора. Најголем дел од нив се ангажирани во градежништвото. Црногорците пак се повеќе се заинтересирани за Македонија како туристичка дестинација, додаде тој. Па затоа потребно е да се продлабочи нашата соработка и тоа на едно повисоко ниво“, потенцираше Чуровиќ.
На денешната средба најголем интерес предизвика делот на туризмот. По се изгледа идново лето ќе имаме голем број црногорци на охридското крајбрежје, рече Миле Бошков од конфедерацијата на работодавачи на Македонијa.
На крајов од месецов планирано е да се реализира уште една ваква средба, но овојпат со лидерите на работодавачите од целиот регион вклучувајќи ги и Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град