Вода нема ни за лек, а камоли за кафе велат мештаните. Туристите трпеливи а одговорните свесни дека треба сериозно да ги запрегнат ракавите.
Вода нема ни за лек, а камоли за кафе велат мештаните. Туристите трпеливи а одговорните свесни дека треба сериозно да ги запрегнат ракавите.
Трпејца 20 дена без вода. Мештаните на населбата и бројните гости во екот на туристичката сезона се соочуваат со најсуштинскиот проблем-водата. Трпејчани покажаа голем револт кон МЈП Проаква и ЕВН. Тие обвинуваат, рестрикцијата со вода има позадина т.е дека намерно се атакува на туристичката сезона со цел истата да се уништи. Додаваат, додека надлежните ја префрлаат вината од едни на други нека излезат на терен за сами да видат како се живее без вода во 21 век. Од македонското Сан Тропе остана само името.
Туристите кои во моментов престојуваат во Трпејца, најповеќе криза за вода почувствувале за време на викендот за илинденските празници. Тие кажаа иако тешко се живее без вода остануваат тука, со надеж дека проблемот ќе се надмине.
Првиот човек на МЈП Проаква Бранислав Трпчевски, рече дека во Трпејца на големо се шпекулира во врска со проблемот на водата за пиење. Според него проблем е во преоптоварувањето на инсталацијата со електрична енергија во трфостаницата во населбата. Тој додава дека МЈП „Проаква“ во координација со „ЕВН“ ќе направат максимални напори за изнаоѓање решение на проблемот со водата.
Трпчевски потенцираше дека службите на Јавното претпријатие максимално се мобилни 24 часа и состојбата во Трпејца континуирано ја следат. Ќе бидат превземени мерки како проблемот со недостатокот на вода се сведе на минимум. Тој додаде дека од Трпејчани и гостите очекува разбирање и толеранција во однос на неговиот апел за порационално користење на електричните апарати, како оптовареноста на трафостаницата биде оптимална, а со тоа и пумпите за вода нормално да работат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град