Магистралниот пат Охрид – Св Наум опасен по живот

Состојбата со овој патен правец, крајно загрижувачка.

 |  Николоска Биљана  | 
pat
пат

Состојбата со овој патен правец, крајно загрижувачка. Граѓаните не веруваат дека ќе заврши нивната ноќна мора, бидејќи надлежните години наназад замижуваат пред овој проблем.

magistralen patОчајна состојбата на магистралниот пат Охрид – Св  Наум. Години наназад овој патен правец оставен е на забот на времето. Возачите кои секојдневно го минуваат овој правец, посебно од хотелот Метропол до Св Наум се соочуваат со бројни проблеми. Тесна коловозна лента, многу крпени дупки, разни ископи, одрони. Најмногу засегнати од овој проблем се пештанци. Тие велат дека се отфрлени од сите надлежни институции. Нивните барања досега 3 години не резултирале со никаков конкретен резултат, се жалат тие.
Капак на целиот хаос кој владее во патната инфраструктура на овој патен правец се и ископите кои се прават за колекторскиот систем, вели Никола Џалески.Тој додава дека во Пештани состојбата е вчудоневидувачка.
Од Агенцијата за државни патишта немаат позитивни информации со кои ќе ги смират страстите на пештанци. Од таму велат дека за годинава нема никакви планови со кои ќе се превземат било какви активности на тој патен правец. Помошник директорот на агенцијата за државни патишта, Катерина Панова Илиеска, не влева надеж и за до година. Таа рече дека сеуште нема информација дали и во наредната година ќе се превземе нешто поконкретно на овој дел од патот. Стимулативно делува само најавата на Илиеска за идејниот проект на магистралниот пат од Косел до Св Наум кој во моментов е даден на ревизија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top