м-р Милчо Јованоски нов директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години  го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа.

 |   | 

Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2022 – 2026 година ја оцени како позитивна и со квалитетна развојна компонента – информираат од НУ Библиотека Охрид.

Милчо Јованоски има завршено Филолошки факултет група македонски јазик и југословенска книжевност, магистер е по медиуми и комуникации, а од неодамна го поседува и звањето виш библиотекар.

Зад себе има над три децениска кариера како новинар и публицист, а бил и главен и одговорен уредник, како и директор на Радио Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top