Mеѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“

Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи на 23 ноември, во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.

 |   | 

Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи на 23 ноември, во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.

На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, претставници на градот Охрид и градот Ресен, проф. Џузепе Маино, ко-организатор на Меѓународниот симпозиум, како и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, член на организацискиот комитет.

Меѓународниот научен симпозиум  „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Овогодинешната специјална тематска целина Држава и Империја  е инспирирана од 1000-годишнината од падот на Самуиловата држава и милениумскиот јубилеј на Охридската архиепископија. Асоцијацијата на градот Охрид со Самуиловата држава и Охридската архиепископија ја предодреди одлуката за организирањето на шестото издание на Деновите на Јустинијан I во градот на УНЕСКО. Охрид обезбедува дополнителен симболизам со византискиот император, со оглед на фактот што Јустинијан I и неговата архиепископија Јустинијана Прима се инкорпорирани во традициите на Охридската Архиепископија и на Македонската Православна Црква. На тој начин, покрај научниот линк на релација Скопје-Болоња-Равена, „Деновите на Јустинијан I” годинава ги поврзуваат и градовите Охрид и Ресен, што најдобро ја рефлектира клучната цел за интегрирање на Европското културно и историско наследство, како и на истражувачите ширум светот.
 
Во шесте работни сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и општинската сала во Ресен, свои реферати ќе имаат 40-на еминентни професори и научници од Република Македонија, Италија, Русија, Србија, Турција, Грција, Албанија, Унгарија, Романија, Шпанија, Полска. Тие ќе ги претстават најновите сознанија од областа на византолошките и средновековните студии, како и рецепцијата во современието. Ваквиот сеопфатен и богат тематско-содржински концепт на рефератите, меѓу другото, ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските и европските културни и историски традиции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top