Нов современ продажен салон на Mото центар Амбасадор на нова локација

По 25 години успешна работа, добро познатиот мото центар Амбасадор на нова локација, на улица Ристо Чадо, во склоп на здружението на
возачи ЦВО Охрид.

 |   | 

По 25 години успешна работа, добро познатиот мото центар Амбасадор на нова локација, на улица Ристо Чадо, во склоп на здружението на
возачи ЦВО Охрид.
Најпознатите светски брендови на скутери и моторцикли можете да ги погледнете во новотворениот салон кој од денеска официјално започна со работа. Новиот продажен простор на мото центарот се протега на 200 квадратни метри и е современо уреден и ултра модерен, по светски стандарди.

Пасијата кон моторите кај нас трае од 1995 година. Годинава прославуваме 25 години постоење, создавање на многу успешни приказни, многу насмеани лица. Станавме бренд препознатлив низ целата држава, синоним за мото пазарот во западна Македонија и ја променивме мото културата во Охрид и пошироко.“ – вели сопственикот Стефан Николоски.

Поради ковид протоколите и личната заштита на здравјето на граѓаните, Мото центар Амбасадор ја одложи мото забавата за подобри времиња.

Понудата на салонот можете да ја разгледате секој работен ден од 09 до 18 часот , и сабота од 10 до 16 часот, а вработените ќе ве пречекаат со пијалок, кафе и по некое изненадување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top