ТВМ неофицијално дознава дека ова се првите искази на Филев. Капетанот во моментов издржува мерка притвор во траење од 30 дена.
Во кабината во моментот на несреќата биле неговиот соработник Владо Устијаноски и преведувачката македонски државјанин, кој ја предводела групата. Филев свесен за состојбата во која се наоѓа, во вода започнал да фрла од појасите за спасување, но и да корне од бродот делови кои не тонат и можат да им помогнат на патниците за фатат за исттите и да не тонат во вода.
Неофицијално дознаваме дека капетанот Филев и се обратил на преведувачката да скока од бродот, но и да вика по другите да го направат тоа.Таа во паника само рекла дека и таа не знае да плива. Тогаш Филев еден од појасите и го ставил на телото и ја фрлил во вода, со што ја спасил. Потоа скокнал и тој и почнал колку што може да спасува од патниците.
ТВМ од свои извори дознава дека ова се дел од првичните искази на капетанот Сотир Филев, кој во оваа трагична несреќа и самиот е жртва. Овие податоци, од надлежните ниту ги побиваат ниту ги потврдуваат. Од СВР Охрид само не информира дека Филев во моментов е на 30 дневен притвор кој го издржува во полициската станица.
СВР против лицето кое управувало со бродот „Илинден“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава, поради тешки дела на имотот и сообраќајот“, вели Стефан Димовски портпарол на СВР-Охрид.
Инаку утрово стапивме во контакт и со родителите на Филев. Видно растревожени неможеа да се помират со сликата која ја виделе на медиумите, како нивниот син, итно го водат на распит со лисици на рацете како најголем криминалец, иако тој неговиот живот го ставил во опасност за да спаси други, вели неговиот татко. И капетанот Злете Клечароски изјави дека Филев иако бил млад, неговото искуство било многу големо. Уште од негови 13 години покажал интерес за бродови и почнал да учи од постарите капетани. Дозволата која ја поседувал а стекнал со многу знаење и одлично снаоѓање за управување со пловен објект брод.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град