Очи во очи граѓаните со градоначалникот. Денеска Петрески сослуша дел од проблемите на охриѓани. Граѓаните сметаат дека градоначалникот пред се е човек и веруваат во неговото делување.
Очи во очи граѓаните со градоначалникот. Денеска Петрески сослуша дел од проблемите на охриѓани. Граѓаните сметаат дека градоначалникот пред се е човек и веруваат во неговото делување.
Нов начин на работа во општина Охрид. Секој ден од 12 до 15 часот ќе биде приемен ден за ѓраѓаните, а средбите со градоначалникот ќе бидат во вторник, четврток и една сабота во месецот и тоа од 12 до15 часот. Со ваков пристап кон работата, сметаме дека администрацијата и јас како градоначалник ќе имаме повеќе време да посветиме на барањата на граѓаните. А нивните барања и проблеми се од различна природа, рече Петрески.
Петрески раце крева од 11 те илјади невработени во градов. Тој вели дека е немоќен на сите да им помогне додавајќи дека Владата која има ингеренции треба да направи клима за развој на бизнисот со цел луѓето да се вработуват. Тој верува дека ќе се врати животот во познатите охридски индустрии, од кои некогаш живееле семејствата во градот.
Градоначалникот е човек и ги разбира нашите проблеми, кажаа луѓето што ги затекнавме пред вратата на големата сала за прием. Нормално и ние треба да сме толеранти и да застанеме пред него со реален проблем и не да бараме преку леб, погача рече Петреска Соња
Граѓаните сеуште немаат разграничено кои се обврските на општината а кои на државата. Петрески вети дека доколку добијат повеќе ингеренции од централната власт побрзо ќе ги решаваат проблемите на луѓето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град