Лудо патување до познати европски дестинации за 219 евра

Нова понуда за посета на познати европски дестинации. Граѓаните за неа можат да се информираат од плакатите и флаерите, достапни најчесто во кафе баровите низ градов. Оваа постапка помалку чудна го привече нашето внимание па поради тоа се обидовме да откриеме која агенција или туроператор го организира ова патување.

 |  Татјана Маленкова  | 
ludo patuvanje
лудо патување

ludo patuvanjeНова понуда за посета на познати европски дестинации. Граѓаните за неа можат да се информираат од плакатите и флаерите, достапни најчесто во кафе баровите низ градов. Оваа постапка помалку чудна го привече нашето внимание па поради тоа се обидовме да откриеме која агенција или туроператор го организира ова патување.

На флаерот е детално опишано каде ќе се патува, престојува, со што ќе се оди и колку дена, но никој не навел кој го организира патувањето. Контактиравме со едно од лицата задолжени за контакт со заинтересираните лица од Охрид. Во телефонскиот разговор ни беше кажано дека се е легално и дека ваква тура за прв пат се организира во Македонија.

„Туроператорот е од Европа. Патувањето се организира на ниво на Македонија, не само во Охрид. Ништо не е против законот, се е легално“, вели во телефонскиот разговор нашиот соговорник.

На нашето прашање дали наведената сума на флаерите е финална или од заинтересираните ќе се побараат дополнителни средства, ни беше кажано дека во 219 евра е вклучено се, освен влез во некои дискотеки.

„Многу е евтино, затоа имаме проблем со туристичките агенции. Се прескокнуваат многу чекори, затоа сме поевтини. Не се оди за да заработи некој, туку за да се забавуваме да направиме добра журка. Патувањето  е исто како што Србиве доаѓаат кај нас, ова е истиот туристички оператор, вели нашиот соговорник.

Нашето внимание го привлекоа и спонзорите испишани на флаерите, но и жиро сматката на која треба да се уплаќаат парите. За спонзорите ни беше кажано дека одговорните биле приморани да ги пронајдат за да ги покријат трошоците за печатење на плакатите и флаерите. А нашето истражување за  жиро сметката пак не донесе и до нејзиниот сопственик, Супер Мобидик ДООЕЛ од Охрид.

Контактиравме и со низа агенции од Охрид и Скопје кои крајно револтирани велат дека во Македонија не може туризмот да тргне во нагорна линија, поради сивата економија која и тоа како зела замав. Од Министрството за економија пак се децидни дека во овој случај се крши законот за туристичка дејност, кој јасно прецира кој се може да организира туристички патувања на групи во и надвор од земјава. Во случајов, велат од таму, вакво патување може да организираат исклучиво туристички агенции кои имаат А лиценца за работа, но никако странски туроператори.

Како и да е дали е прекршен законот, во кој дел и од кого, ќе дознаеме утре затоа што предметов стигна и во рацете на пазарниот инспекторат, кој од утрово прочешлува кој во Македонија организира Крејзи патување и колку истото е легално.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top