Лошо време, одлична организација

Успешно прво издание на меѓународинот атлетски митинг „Охрид 2010“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Atletski miting
Атлетски митинг

atletski mitingИ покрај лошите временски услови, на СРЦ „Билјанини извори“ околу осумдесет атлетичари од неколку балкански земји ги одмерија силите во 13 атлетски дисциплини. Главните актери на митингот, атлетичарите, задоволни од условите и организацијата.
Лоши временски услови, но одлична организација. Успешна премиера на првиот меѓународен атлетски митинг, „Охрид 2010“. Лошите временски услови беа причина поради која митингот го проследија само неколку стотици гледачи. На митингот учествуваа осумдесетина атлетичари кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Своите техники ги демонстрираа атлетичарите од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Турција и Романија. Влажната подлога и релативно студеното време беа причините поради кои изостанаа подобри резултати. Образот на македонските атлетичари го обели спринтерката Ивана Рожман која беше прва во дисциплината 100 метри жени, со време 12,82.
Најголемата ѕвезда на митингот, олимпискиот вицешампион и освојувачот на бронзата од Светското првенство во атлетика во Хелсинки, во три скок, романецот Марјан Опреа, го оправда своето присуство, победувајќи во оваа дисциплина со прескокнати 16,88 цм. Успешен настап забележа и српскиот фрлач на копје Мирослав Првуловиќ,  за кој ова е прв натпревар со својот нов тренер. Тој успеа да го фрли копјето над 70 метри. И останатите атлетичари, учесници на митингот, задоволни од условите и ораганизацијата, а посебно од перформансите на новата атлетска патека.
На митингот атлетичарите се натпреваруваа во 13 дисциплини. Мажите во трките на 100, 200, 400 и 800 метри, во трискок, фрлање копје и ѓуле, додека жените трчаа на 100, 400, 800 и 1.500 м се натпреваруваа и во фрлање ѓуле и во трискок. Промотор на првиот атлетски митинг беше потпретседателот на Светската атлетска асоцијација, амбасадор на УНЕСКО и еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, Сергеј Бупка.

Постигнати резултати :

МАЖИ

100 м

1. Д. Гунев (Буг) 10,81
2. Б. Борисов (Буг) 11,01
3. А. Брези (Алб) 11,12

200 м

1. Б. Борисов (Буг) 22,14
2. Н. Тодоров (Буг) 22,32
3. Д. Гунев (Буг) 22,65

400 м

1. С. Тамач (Тур) 47,12
2. Х. Чехов (Буг) 48,85
3. С. Мириќ (Срб) 49,08

800 м

1. С. Тодоров (Буг) 1:54,14
2. А. Крезиу (Алб) 1:54,61
3. Р. Тодоров (буг) 1:55,56

КОПЈЕ

1. Н. Првуловиќ (Срб) 70,53
2. Д. Ангеловски (Мкд) 55,17
3. М. Шишков (Буг) 53,84

ЃУЛЕ

1. Г. Иванов (Буг) 18,89
2. Р. Карамфилов (Буг) 17,17
3. А. Хоџа (Алб) 17,36

ТРОСКОК

1. М. Опреа (Ром) 16,88
2. Ж. Петков (Буг) 15,62
3. Р. Селман (Мкд) 15,39

ЖЕНИ

100 м

1. И. Рожман (Мкд) 12,82
2. М. Иванова (Буг) 13,00
3. А. Садриа (Алб) 13,08

400 м

1. В. Владева (Буг) 56,88
2. И. Барова (Буг) 57,34
3. Х. Ристеска (Мкд) 58,73

800 м

1. Л. гега (Алб) 2:07,08
2. М. Петкова (Буг) 2:14,39
3. Ф. Ристеска (Мкд) 2:25,47

1500 м

1. С. Миланова (Буг) 4:54,90
2. Р. Атанасова (Буг) 4:59,27
3. Т. Трифунова (Буг) 5:04,31

ЃУЛЕ

1. Р. Мавродиева (Буг) 16,98
2. М. Кузарова (Буг) 13,48
3. Р. Соколоска (Мкд) 11,06

ТРОСКОК

1. А. Бунева (Буг) 13,77
2. Д. Додова (Буг) 13,27
3. М. Дарда (Алб) 11,72

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top