Новиот сообраќаен режим и решенијата кои тој ги понуди, ги натера на реакција од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
„Сообраќајниот режим во Охрид треба да биде во корист на турситите и граѓаните, а не во корист на некои лични математики“, обвинија денес од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид. Атанаско Михаилов, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја обвини Локланата и Градоначалникот дека „Во целиот сообраќаен хаос предизвикан од градење на некакви сообраќајни раскрсници и други лоши сообраќајни решенија , и за шеталиштето кое претставува еден од најубавите делови на Охрид, изнајдено е навистина неразбирливо сообраќајно решение на почетокот на самата туристичка сезона, и тоа со негова поделба со бетонски топки на два дела.
„Бараме од Локалната самоуправа и од овој Градоначалник, ова лошо и несфатливо решение, под итно да го исправат со тоа што овие бетонски топки ќе ги отстранат во рок од 3-5 дена, ќе може да се затвори улицата и да се врати шеталиштето назад, како би можеле туристите и граѓаните на Охрид, да се чувствуваат пријатно и да може да се шетаат, а не да се чудат дали ќе бидат изгазени од некој возач“ објасни Михаилов.
Тој посочи дека на почетотокот на туристичката сезона во Охрид наместо да ги привлекуваме туристите и граѓаните на Република Македонија да доаѓаат во Охрид и да се чувствуваат пријатно, Локалната самоуправа и Градончалникот на Охрид кој патем е и сообраќаен инжињер, направија уште едно невидено лошо решение за градот Охрид.
„Една од причините зошто мислиме дека тука се поставени тие топки е да може да се разграничи улицата на која на едната страна ќе се поставува и урбана опрема, а додека на другата страна ќе има и сообраќај. Поставуваме прашање: Каде ќе одат туристите и граѓаните на Охрид и каде ќе шетаат? Покрај езеро? Во езеро? Затоа бараме под итно ова да се отстрани“ запраша Михаилов.
Во случај од Локалната да не одговорат позитивно на барањето и кејот не се врати во неговата провбитна состојба, од ДПМНЕ од Охрид ќе ги повикаат граѓаните со заеднички сили да ги убедат надлежните од општината да ги отстранат тие топки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град