На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“ се движел моторциклист и на даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон униформиран полициски службеник со погрдни зборови.
На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“ се движел моторциклист и на даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон униформиран полициски службениксо погрдни зборови.
Потоа го ставил моторциклот во погон со цел да избега од лице местото , при што со моторциклот удрил во службеното лице нанесувајќи му телесни повреди, за што му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
Лицето со употреба на физичка сила било доведено во послушност и приведено во ПС-Охрид, при што е констатирано дека се работи за О.М. (35) познат туристички работник од Охрид кој се занимава со угостителство и агенциско работење.
Во врска со овај настан од страна на СВР Охрид против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ова е уште еден доказ дека некои лица сметаат дека се над законот, земајќи си за право да изигруваат локални моќници кои не почитуваат никакви правила и прописи. Полни сме со критики за гостите и туристите за кои сметаме дека не “играат по правилата“, а всушност локалните мангупи истите најповеќе ги кршат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град