Апсурд за риболовниот туризам. Тој е мисловна именка за Македонија и надлежните, бидејќи досега нема ниту понуда за развој на истиот, обвинуваат спортските риболовци.
Рибарите членови на СРК Св. Апостол Петар од година во година се соочуваат со се посериозни проблеми. Нивните ангажирања да допринесат за развој на овој вид туризам, кој е од голема важност за градот паѓаат во вода. Претседателот на Клубот Радован Димитриевски вели дека во двата крајбрежни градови Охрид и Струга кои се поим за риболовен туризам, да се прават опструкции е голем апсурд и неразбирливо е на кој тоа му одговара.
„Некои научни установи сакаат да ни го ограничат односно да ни дозволат само12 луѓе да риболоват во Охрид и Струга што е апсурд за едно туристичко место каде не треба туку мора са се развива риболовниот туризам“.
Нема да стоиме со скрстени раце потенцира Димитриески. Во најбрзо време ќе излеземе со факти и ставови за можните последици од се што му случува на рекреативниот и спортскиот туризам на охридското крајбрежје.
Насекаде во светот, многу приоритет и важност се дава на риболовниот туризам, додека пак кај нас релевантните институции седат со скрстени раце и не превземаат буквално ништо на тоа поле, велат спортските риболовци од Охрид. Само како пример, ако се земат податоците на Европа и Северна Америка ќе се види дека таму има цела армија на риболовци, дури 80 милиони рекреативци. А интересно е што во Норвешка од 50% рекреативни риболовци 37% се жени. Кај нас нема ниту понуда за развој на риболовниот туризам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град