Лопата, нож и тегла мед

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против 31 годишен охриѓанец поднесе кривична пријава.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против 31 годишен охриѓанец поднесе кривична пријава.

Св. НаумПријавениот,  на 19ти овој месец во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, започнал да ги крши прозорците и ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект.

По кратко време со нож од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторантот а потоа го нападнал келнерот кој успеал да избега кон околните ниви. Пријавениот се обидел да фрли тегла мед кон автобусот со кој странските гости откако избегале од ресторанот сакале да го напуштат туристичкиот комплекс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top