Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Локалната самоуправа им го покажа патот на десетте охридски семејства, како да си го решат проблемот со едно од најважните животни прашања, стамбеното. ТВМ вчера ја објави нивната сторија, во која тие се пожалија дека стравуваат за безбедноста на своите животи поради лошите услови за живот.

 |  Николоска Биљана  | 
plan
план

kaj malaricnаЛокалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа.

„Во најголем број случаи овие објекти се сопственост на Р Македонија а по разни основи се јавува корисник некој друг. Значи ние како Локална самоуправа и да сакаме да можиме да помогниме во тој дел не смееме и не можиме не смееме да решаваме имотно правни односи. Значи тие субјекти тие засегнати граѓани и семејства најнапред тие работи сами треба да си ги решат за да ние како Локална можеме да преземеме нешто“.

Џамтоски сепак остави простор за помош и излегување во пресрет на барањата на загрозените семејства и најави поголема заштита на правата на социјално ранливите категории во новата фискална година.

dzamto„Јас верувам дека според заложбите на градоначалникот Бакрачески и на Локалната самоуправа можам да најавам со дека со новата фискална година со усвојувањето на новиот буџет и новата програма за работа верувам дека ќе има и простор и средства барем онолку колку што може Локалната самоуправа во делот што значи грижа за сите граѓани на Охрид да им се излезе во пресрет и на овие семејства“.

Патот кој треба да го поминат семејствата кои вчера до нашата редакција се пожалија дека стравуваат за безбедноста на нивните животи, треба да започне од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски, како што посочија од охридската Локална сампоправа, бидејќи според истите извори објектот кај маларична се води на Р. Македонија како сопственик, со незапишани права, а како корисник се јавува Трудбеник. Од Локалната исто така тврдат дека досега ниту еден член од посочените семејства ниту усно ниту писмено, официјално не се обратиле до Локалната самоуправа, за да може да се реагира, но во интерес на граѓаните како и во однос на јавност и одговорно работење на Локалната самоуправа излегле на терен да ја снимаат состојбата, со цел во иднина да можат нешто да преземат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top