Локално економско-социјален совет и во Охрид?

Нема соодветна координација помеѓу работодавачите, синдикатите и Локалната самоуправа. Оттука се наметнува потребата за креирање на Локални економско-социјални совети, смета првиот човек на македонските синдикалци, д-р Живко Митревски. Според него станува збор за формирање на ново институционално тело од советодавно консултативен карактер кое му е потребно на  Охрид, посебно во делот на вработувањето на младите.

 |  Николоска Биљана  | 
sindikalci
синдикалци

sindikalciЌе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон дефинирање на локалните економско социјални политики во делот на потребите на пазарот на трудот на ниво на локална самоуправа, во делот на анализирање на потребите на тој пазар како и усогласување на процесот на образованието.

sindikalci„ Ќе се оценува потребата на тој пазар на трудот и ќе се афирмира позицијата на работодавачите, на нивните потреби, ќе се афирмира позицијата на синдикатите и Локалната самоуправа, кои на три партитна основа би ги дефинирале Локалните економски совијални политики. Ваквото тело сметаме дека ќе даде дополнителен импулс во делот не само на вработувањето, туку и во делот на развој на претприемништвото кое пак ќе биде насочено кон дефинирање на тие економски политики.“ – вели Митревски.

Искуството од досега формираните Локални економско-социјални совети низ земјава покажаа одредени резултати, нагласи Митревски. Тој додаде дека и во Охрид очекуваат позитивни ефекти од креирање на вакви совети, бидејќи постоело интерес за тоа, и тоа би претставувало историски чекор за градот.

sindikalci„Беа донесени исклучително значајни закони како резултат на креирањето на тие политики, од типот на Законот за минимална плата, Законот за европаски работнички совети Законот за мобинг. Имплементиравме преку  пат на вакви тела 19 директиви, а сето тоа пак овозможува и на локлано ниво како позитивен пример да се реализира и во рамките на Локалната самоуправа на општина Охрид.“

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, смета дека ваквите кампањи се поттик за соработката со социјалните партнери, односно синдикатите, работодавците и Локалната самоуправа.

„Формирање на едно вакво заедничко економско социјално тело сметаме дека ќе значи институционализирање на социјалниот дијалог кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална економска положба и на работниците меѓутоа и на работодавците во општина Охрид како и методи за мирно решавање на работните спорови.“ – изјави Бакрачески.

Досега на ниво на земјава Локални економско-консултативни совети има во Куманово, Струмица, Кавадарци, Битола, Штип, Тетово, Гостивар и Гази Баба, Скопје. Дали и Охрид ќе се вброи во општините каде функционираат ваквите совети, зелено светло треба да даде охридскиот Совет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top