Локалните и претседателски избори поминаа чесно

Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески, кој втор пат ја добива довербата на граѓаните и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата. Граѓаните со позитивен став за тоа како помина изборниот процес на петтите локални и четвртите претседателски избори.

Во анкетата што ја направи ТелевизијА ТВМ, поголемиот дел од граѓаните се изјаснија дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.

izbiracko mestoОд градоначалникот и претседателот на државата пак,   граѓаните очекуваат Охрид и Македонија да ги направат подобро место за живеење.

На локалните и претседателските избори во Охрид,  според  единствениот избирачки список  право на глас имаа 53.905 гласачи. Според ОИК, својата  граѓанска должност ја оствариле 62,86% од граѓаните, односно на изборите излегле 33.878 гласачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top