Стручните лица велат дека располагаат со мал потенцијал за користење на овие средтсва. Додаваат дека вината е во централната власт, но дел и во европскаат комисија.
Стручните лица велат дека располагаат со мал потенцијал за користење на овие средтсва. Додаваат дека вината е во централната власт, но дел и во европскаат комисија.
Преставници од локалната самоуправа и невладините организации ќе се обучуваат како да стигнат до парите од фондовите на Европската Унија. Дел од учесниците веќе имаат некакво искуство, но потенцираат дека ова е нова можност да научат повеќе.
Во текот на 6 дена консулатанти од Македонскиот центар за европска обука ќе ги учат учесниците на работилницата како да ги подготвуваат проектите за да користат пари од ИПА фондовите. Извршниот директор на овој центар, Лидија Димова вели ќе се обидат д аги испровоцираат учесниците да подготват проектите за да учествуваат на конкурси .Ќе се обидат да дадат и одговор зошто Македонија е неуспешна во извлекување на средтсва од ИПА фондовите. Според неа проблемот лежи во два сегменти.
Димова потенцира дека во 2007 година се искористени средства за полицијата во висина од 10 милиони евра и во судството 1 милион. Таа додава дека има итна потреба од средства за реформи во регулаторните тела кои во моментов не функционираат и не се независни. Ги наведува комисиите за енергетика и за заштита на конкурентност, советот за радиодифузија, осигурувањето. Наведува дека треба под итно да се децентарлизираат локланите самоуправи и да се зајакне невладиниот сектор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град