Локалната власт во Охрид подготвена за одржување на патштата во зимски услови

Надлежните од локалната самоуправа се подготвуваат за одржување на патиштата во охридскиот регион во зимски услови. Од таму тврдат дека можат да се справат со одржување на патиштата кои се под нивни ингеренции. Од Македонија пат секција Охрид повоздржани во ветувањата но велат дека максимално ќе се ангажираат магистралните патишта да бидат чисти.

 |  Николоска Биљана  | 

Локалната самоуправа, Јавните претпријатија подготвени се да ги одржуваат патиштата во Охрид во текот на зимската сезона. Оваа изјава доаѓа од заменик градоначалникот Ангел Јанев, на денешниот координативен состанок кој секоја година во организација на СВР Охрид се одржува пред почетокот на зимата. Јанев категоричен, дека со механизацијата за зимски услови со која располагаат ЈП, можат да се справат во охридскиот регион, но не и на други регионални фронтови, односно патишта.

„Се она што е потребно за и околу одржувањето на магистралните патишта посебно во делот од Скопје- Кичево – Охрид каде што е најфрекфентно во периодот доаѓа и кој е најосетлив на зимски врнежи мора да биде слободен и ослободен за сите кои сакаат да го посетат Охрид. Заклучокот е едноставен, потребен и доволен услов за се тоа да функционира е опрема, механизација која што ќе биде во служба и во сопственост на ЈП „Македонија Пат“– нагласи Јанев.

На денешниот состанок, охридскиот Сектор за внатрешни работи, побара експлицитно изјаснување на сите повикани субјекти и чинители во делот на зимско одржување на патиштата. Како што нагласи портпаролот Стефан Димоски, побарале одговорност, од сите онеи кои евентуално нема практично добро да функционираат на терен.

„Со сите мерки и активности, со сите обврски кои што ги добија чинителите и субјектите, мислам дека оваа година Охрид нема да биде отсечен од светот и дека Охрид ќе биде функционален, достапен до сите туристи кои што пред се во пресртет на Новата година ќе сакаат да присуствуваат во градот. Побаравме прецизно и јасно дефинирање на обврските на субјектите и нивна максимална одговорност во делот на извршување а своите обврски“– изјави Димоски.

Како што нагласи Димоски преку денешниот координативен состанок, полицијата го дава својот придонес во делот на беспрекорно функционирање на сите субјекти во зимското одржување на патиштата. Од ЈП „Македонија Пат“ велат дека сеуште не е изготвена програма за одржување на државните патишта, а не можат ниту да гарантираат како ќе се справат престојнава сезона со зимското одржување на патиштата кои се во нивна надлежност.

„Не можам да ветам ништо, се надевам дека од другата година ќе ги надминиме проблемите, ние секоја година се ангажираме максимално со сите расположливи средства во работата за безбедност во сообраќајот и учесниците во него“ – вели Ташкоски.

Тој информира дека минатата година имале едно возило на „Македонија Пат“,  две возила од трети лица, како и две мали машини. Тие возила очигледно не беа доволни, бидејќи минатата сезона тешко се справија со снегот и наносите кои неколку дена го блокираа патот на превојот Пресека.  Ташкоски излезот го гледа во набавка на нови возила, но засега немаат таква најава од повисоко ниво на ЈП „Македонија Пат“. И годинава во хотел Амбасадор кај Подмоље, се одржа работен состанок, во организација на СВР Охрид, каде беа изнесени предлог мерките како и подготовките за дејствување на сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за зимското одржување на патиштата. На состанокот покрај претставниците на СВР присутни беа претставници на јавните претпријатија, локалната самоуправа како и  од повеќе релевантни институции задолжени за одржување на патиштата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top