Охридските социјалдемократи изнесоа бројни критики кон владеачката партија. На тапет беше ветеното а нерелизирано од страна на градските власти во делот од програмата за детска заштита, култура, образование како и програмата за социјална заштита.
Продолжува серијата прес конференции на ОО на СДСМ на кои тема е отчетот за сработеното на градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе продолжиме со презентацијата на нереализираните проекти, велат од СДСМ. Во програмата за детска заштита, Христина Гогоска раководителот на Центарот за комуникации,го потенцира проектот за работа на детската градника во две смени. Во делот за култура, избришани биле ставките, поддршка на естрадни уметници и меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Гогоска потсети дека охридскиот народен театар 7 месеци нема поставено претстава. Во образованието Гогоска ги спомна нереализираните ставки во делот на реконструкција и поправка на дел од образовните институции во градов. Сите нереализирани ставки биле префрлени во новата програма за 2014. Во отчетот градоначалникот напоменува дека се посветил на стабилизација на финансиските проблеми на училиштата, но тоа се проблеми со кои се соочуваат голем број училишта во државава и нивната финансиска состојба зависи од Централната власт, напомена Гогоска. Посебно внимание Гогоска посвети на ставките од програмата за социјална заштита.
„Бесплатни курсеви за учење на аглиски и германски јазик, стипендирање на млади кои припаѓаат на социјално загрозени семејства.
Посебно внимание посветуваме на отстранувањето на вторава ставка и нејзиното заменување со нова – за стипендирање на талентирани ученици и студенти. Ние за овој проект немаме забелешка, но децидно сме против начинот на формирање на комисијата за рангирање на пријавените и целосно се дистанцираме од објавената ранг-листа, бидејќи немеме увид кој се’ се пријавил и дали биле целосно испочитувани наведените критериуми од конкурсот“. Господа од ДПМНЕ, крајно време е да престанете да ја дефокусирате охридската јавноста од битните и суштински случувања во градот, прикривајќи ја со тоа својата неспособност да започнете да го реализирате она што го ветивте и што граѓаните безмалку една година го очекуваа“ – вели Гогоска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град