Локалната допрва ќе бара да управува со градежното земјиште

Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив.

 |  Валентина Нелоска  | 
zemjishte
земјиште

Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив. Зошто доцнат со барањето за овој процес одговор побаравме од  портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески.  Прашавме на што се должи ваквата ситуација и дали станува збор за затајување на службите. Илиески ги отфрла  ваквите сомнежи.

„Нема затаено никој. Претходно бевме подготвени, клучно беше за Локалната самоуправа најпрво да се донесат урбанистичките планови, таа постапка  трае подолго. Потоа заедно со програмата коај ќе биде поднесена до Министертсвот за трнаспорт и врски ќе биде побрзо ставена во функција намената на земјиштето.“ – портпарол на Локалната самоуправа, Симон Илиески.

Simon IlieskiСе работи за огромна површина на неизградено градежно земјиште со кое Локалната самоупрва од Министерството за транспорт и врски ќе побара да менаџира појаснува Илиески. Постапката  ќе биде завршена до наесен, со што  теренот ќе биде подготвен за потенцијалните инвеститори.  Градоначалникот и службите веќе лобирале кај инвеститори да градат атрактивни проекти значајни за градот. По добивањето на градежното земјиште се очекува да бидат изградени катни гаражи, пензионерски дом и елитни хотели.

„Такви локации за кои има донесни детални урбанистичкипланови се кај Даљан каде што е во план изградба на туристички комплекс со Пензионерски дом, локацијата кај  Спортската сала „Билјанини извори“ каде што ќе се градат катни гаражи, набројува дел од градежното земјиште со кое ќе менаџира  Локалната самоуправа“.- портпарол на Локалната самоуправа, Симон Илиески

Надавањето за градежното земјиште ќе се одвива по електронски пат и ќе биде транспарентно. Ова претходно веќе го договориле охридската Локална самоуправа и Заедницата на единиците на Локалните самоуправи на РМ , потенцира портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top