• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

По завршувањето на петте кружни текови локалната ќе работи  и на најавениот проект за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“.

 |  Мишел Наумоски  | 
trotoari

Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“.

trotoari Turisticka„Булеварот „Туристичка“ по целата негова должина од влезот кај Лукоил до Билјанини Извори е веќе предмет на изработка на проект за реконструкција на пешачките и велосипедските патеки кои што гравитираат на булеварот „Туристичка“ па во блиска иднина очекуваме да влеземе во процес на реализација на оваа реконструкција што значи дека со целосната реконструкција на пешачките и велосипедските патеки долж булеварот, нема да се забележува разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки.“-вели Танески.

Инаку, Танески вели дека во моментот се сконцентрирани на изградбата на преостанатите два кружни текови, оној на пресекот на „Туристичка“ и „Абас Емин“ и оној на пресекот на „Туристичка“ со „Јане Сандански“. Што се однесува на проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“, Танески вели дека тој се наоѓа во фаза на изработка на основен проект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top