Формирањето на истата е обврска на сите локални самоуправи според Законот за здравствена заштита.
Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита.
Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.
„Ќе биде испочитувана таа обврска, тоа тело ќе биде формирано, и општина Охрид, покрај тоа што ќе исполни законската обврска ќе овозможи пациентите, доколку се соочат со некаков проблем во рамки на здравствените установи, да има на кого да се обратат, и од кого да добијат прецизни информации за постапката што следува понатака.“-вели Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.
Ваквата комисија, според законот треба да биде составена од девет члена кои се избираат согласно статутот на општината. Нејзините надлежности се во делот на унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, разгледување поплаки и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите. Мандатот на членовите на комисијата изнесува две години, со право на уште еден последователен избор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град