• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат

Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат

Партиите од денес можат бесплатно да се рекламираат на паноа кои ги постави локалната. Но, неколку изборни циклуси по ред веќе многу ретко можат да се забележат билборди и плакати од кандидатите за изборите. Битката се пресели на социјалните мрежи. Сепак доколку некои партии се одлучат да се рекламираат на класичниот начин преку лепење пропаганден материјал на паноата од локалната должни се по завршувањето на изборите плакатите сами да си ги отстранат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат. Тоа е просторот од оградата на ОУ „Григор Прличев“ каде ќе се постави тараба на која ќе може да се лепи пропагандниот материјал. Но неколку изборни циклуси по ред веќе многу ретко можат да се забележат билборди и плакати од кандидатите за изборите, а сѐ помалку ги има и традиционалните лепачи на плакати. Партиите го сменија начинот на кој им ги претставуваат своите политики и програми на гласачите.

Покажува времето во кое живееме дека се помалку се користи рекламирањето на билборди и паноа па интересот на политичките партии е се помал иако ние како локлана ја испочитувавме законската обврска да определиме таков простор и сметаме дека просторот кој го определивме ќе ги задоволи потребите на сите партии кои учествуваат во оваа кампања, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.

Наместо традиционалните билборди, плакати, делење пропаганден материјал, битката се пресели на Фејсбук и на Твитер. Се објавуваат прилози од митинзи со посебен акцент на тоа колку луѓе присуствувале на митингот на нивната партија и дека на собирот на противникот било празно. Но оние партии кои сепак ќе се одлучат да се рекламираат на класичниот начин преку лепење пропаганден материјал на паноата од локалната должни се по завршувањето на изборите плакатите сами да си ги отстранат

Во принцип доколку не ги отстранат пропагандните материјали следуваат санкции, но за да се избегне тоа ние ќе поставиме тараби на самото место па после изборите ќе ги тргнеме само тарабите. Ако пак некоја партија залепи плакати на други места од ова кое е одредено од локалната ќе мора сама да си ги отстрани, вели Џамтоски.

Оваа кампања се разликува од оние порано не само по тоа што партиите не се рекламираат преку лепење плакати и билборди. Минатите години партиите многу повеќе внимание посветуваа на делење на изборната програма од врата до врата, промоција на кандидатот преку промотивен материјал, тефтери, запалки и сл. На овие избори дури и изборната програма се промовира на интернет-страниците на партиите, како и на митинзите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top