• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Велосипедска патека на секоја улица за развој на урбаниот велосипедизам. Ова е замисла на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

 |  Мишел Наумоски  | 
velo pateki

Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица.

velosipedski pateki„Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и секако како таква е доставена до локалната самоуправа. Заменикот градоначалник, градоначалникот и службите верувам дека ќе го направат својот максимум за излегување во пресрет на оваа потреба би рекол која што од момент во момент е се поактуелна, урбаниот велосипедизам кај нас заживува и тоа со како силна и голема брзина што е добро, но ние од друга страна треба да одговориме адекватно за поставување на таа инфраструктура.“-вели Стефан Димоски од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

obelezani velo patekiШто се однесува токму на инфраструктурата потребна за вистинско заживување на велосипедизмот во градов, од локалната велат дека за жал досега имаат само еден мал дел обележани велосипедски патеки, но барем досега не била изработена ниедна програма или проектна документација во која би биле трасирани велосипедските патеки согласно законската регулатива. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека во изминатиот период, Секторот за комунален развој, сообраќај и улици работел токму на изработка на еден ваков проект со кој веќе е аплицирано во Министерството за транспорт и врски кое има објавено оглас за финансирање токму на вакви проекти.

velosipedski pateki na site ulici„Досега не сме добиле сеуште одговор и покрај тоа што нашите координации за реализација на овие велосипедски патеки со Министерството за транспорт и врски завршија се надеваме дека набрзо ќе бидат доделени средства и со тие средства ние сметаме дека еднаш засекогаш коректно онака како што налагаат прописите и правилата во законот за просторно и урбанистичко планирање ќе ги планираме и изведиме велосипедските патеки во Охрид, а не со импровизирање како што досега некои структури се обидувале да ги направат.“-рече Бакрачески.

Инаку во насока на подигнување на нивото на безбедност на велосипедистите, но и подобрување на условите за возење велосипед, неодамна од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот излегоа и со предлог идеја за пренамена на стариот пат Охрид-Струга во едно убаво велосипедско поврзување на градовите на кое би сообраќале сите велосипедисти вклучително и гостите и туристите кои се повеќе се корисници на една ваква активна туристичка понуда.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top