Локалната бара спас за решавање на проблемот со запуштените приватни имоти

Се бараат решенија за запуштените и обраснати приватни имоти. 

 |  Маленкова Татјана  | 
zapusteni privatni imoti
запиштеми приватни имоти

До редакцијата на ТВМ се нижат реакции на граѓани кои бараат спас од змијарници и запуштени приватни имоти.
Охридска бригада, Крум Точков и Дејан Војвода се само дел од локациите во кои лично се увери и екипата на ТВМ. И покрај тоа што граѓаните јавно не сакаат да зборуваат, за како што велат, да не се замерат со комшиите, нивниот проблем е повеќе од очигледен. Тие признаваат дека се плашат да ги пуштат децата да играат на улица затоа што често се случува од тревите да излезат змии.
Од локлната признаваат дека вакви забелешки стигнуваат и на нивна адреса. Токму поради тоа апелираат до сите граѓани согласно законот за животна средина да си ги утредат дворните места.  Доколку несовесните граѓани не го направат тоа, на терен излегува комуналниот инспекторат.

„Втората ситуација е да отидеме и да ги опомениме тие граѓани. Но најголем проблем во Охрид се јавува со zapusteni privatni imotiоние граѓани кои немаат постојано живеење во Охрид, а имаат викенд куќи или станови или дворчиња а не живеат во Охрид, а ги поседуваат. Тогаш откако нашите екипи ќе ги опоменат еднаш, па уште еднаш, ние на негова сматка ќе изададеме налог за она што ќе го направи ЈП Охридски Комуналец, и ќе го фактурира на имателот на каа куќа или двор“, вели портпаролот на општина Охрид,Томе Џамтоски.

Џамтоски признава дека најголем проблем на  локалната и е тоа што намаат база на податоци и не се знае кој имот чив е и дали сопственеците живеат во Охрид или во друг град.  „Има ситуации кога наши служби не можат  ни да пристапат во одреден имот“, признава Џамтовски.  Тој додава дека овој проблем иако на прв поглед изгледа банален, сепак локалната се соочува со нерешлива ситуација со тоа што не може да ги пронајде сопствениците на имотите.

zapusteni privatni imoti„Ве уверувам дека најбрзо што може ќе се реагира, а како целата постапка ќе заврши дали одредени граѓани, семејство ќе ги почитува законските одредби од законот за животна средина или тоа ќе се растегне тој да не ги почитува, па ние да пишеме фактура па интервенира екипа од ЈП, тоа не можам да предидам. Но ве уверувам и апелирам дека најдобро што може ваквите сутуации да ги пријавува во локалната самоуправа, ние најдобро што може ќе реагираме“, вели Џамтоски.

Џамтоски вели дека граѓаните кои не живеат во Охрид а имаат имот тука може да си направат договор со ЈП Охридски Комуналец, според кој за одреден надомест нивниот имот постојано ќе биде среден.
Портпаролот признава дека локалната досега  има изречено многу казни поради непочитувње на законот за животна средина а  инспекторатот ги спровел таквите решенија.

Инаку локалната е за пофалба, затоа што по реакција на граѓани во кус период среди неколку запуштени  јавни површини. Да се надеваме дека за брзо време ќе се најде решение и за проблемот со запуштените приватни имоти.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top