Локалната и сопствениците на Маркони се договорија

За да се реши проблемот со загадената вода во Св. Наум,  ќе се гради прочистителна станица.

 |  Татјана Маленкова  | 
Мarkoni
Маркони

За да се реши проблемот со загадената вода во Св. Наум,  ќе се гради прочистителна станица. Овој услов мора да се испочитува до крајот на месец мај, во спротивно против сопствениците на Маркони ќе следат соодветни законски мерки.  
МarkoniНа повидок решавање на проблемот во СВ Наум, со загадувањето на изворите.  Сопстевениците на Маркони добија рок до 30 мај да изградат почистителна станица, со што еднаш засекогаш ќе се реши проблемот кој колмунираше летово, кога многу туристи беа затруени со вода. Доколку од Маркони во дадениот рок не го решат проблемот со пречистување на отпадните и фекалните води кои се создаваат во текот на нивното работење, против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки, вели реководител на општински инспекторат, Танас Танасоски.

Со водата од изворите во Св Наум имавме голем проблем ова лето. Таму имаше класично фекално загадување на туристи, преку вода за пиење.
Ние освен контрола на квалитетот на водата, немаме други надлежности во манастирскиот комплекс. Наша должност беше да ги известиме службите при локалната самоуправа кои се задолжени за тоа, вели директорот на заводот за здравствена заштита, Атанско Михаилов.

„Факт е дека во целиот тој комплекс има фекално загадување. Системот на тој водовод е неисправен. Водата која ја користи воениот камп и еден дел од Маркони, чешмата внатре во црквата се исправни.Проблем е другиот дел. Мислам дека Маркони користат септички јами, вели Михаилов.

Иницијативата на општинскиот инспекторат следи откако ова лето во Св. Наум беа регистрирани повеќе случаи на труење со загадена вода во која беа пронајдени колиформни бактерии од типот на ешерихија коли. Со цел да не се повтори ваквата ситуација инспекторатот ги обврза угостителските објекти во Св. Наум соодветно да го решат проблемот со отпадните води.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top