Состојбата во која го затекнавме градот бараше да се започне скоро од нула во средувањето на состојбите. Го оставивте ЈП „Охридски комуналец“ во очајна состојба, а од „Мауцкер“ направивте растоварна станица на комунален отпад, реагираат од локалната на изнесеното на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Не толку одамна, Вие бевте на власт во Охрид, управувавте со градот и Вие добро знаете како се чисти и одржува истиот, особено во шпицот на сезоната, стои во реакцијата од охридската локална самоуправа на изнесеното на последната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Наместо да се препукуваме со голи фрази, за кои и самите добро знаете дека немаат скоро никакво значење, Ви нудиме Вам, но првенствено на граѓаните на Охрид, кои добро знаат како и колку е чист градот неколку фотографии од утрово, па нека проценат самите, а и Вие, дали и колку е чист градот. Состојбата во која го затекнавме бараше да се започне скоро од нула во средувањето на состојбите во градот. Го оставивте ЈП „Охридски комуналец“ во очајна состојба, а од „Мауцкер“ направивте растоварна станица на комунален отпад. Новата локална самоуправа, согледувајќи ги овие состојби, во соработка со Министерството за животна средина на Република Македонија распиша тендер за расчистување на дивата депонија „Мауцкер“. Општина Охрид набавува 7 нови комунални возила, во насока на комплетна обнова на возниот парк на ЈП „Охридски комуналец“, од чиј сопствен буџет се издвени средства за набавка на 3 возила со кои секој ден се сервисираат услугите, реагираат од општина Охрид.
Од локалната велат дека се коси и чисти на дел од магистралните патишта кон „Св. Наум“, до „Св. Стефан“ и од собраќајна клучка до Подмолје, иако тоа не е обврска на градот и ЈП „Охридски комуналец“.
– Тоа се прави за да имаме чист град, за туристите, но најмногу за нашите граѓани, кои 365 дена живеат во Охрид. Градот се чисти во 3 смени и резултатите од тоа се видливи. Паралелно се реализира проектот „Прати слика, пријави отпад“, во кој граѓаните секојдневно не информираат за местата каде има повеќе ѓубре, што се санира во најбрз можен рок. Изминатиов период се одвиваше редовно чистење после сите музички, забавни и спортски настани на СЦ „Билјанини извори“, „Долни сарај“, Антички театар. Во летниот период е неколку кратно зголемена фреквенцијата на луѓе, нашите возила тешко се движат по градот, но и покрај тоа успешно се завршија сите работни задачи.
Би Ве запрашале:
– Дали во период од само 8 месеци, од кога е новата локална власт во Охрид, е можно да се наталожи толкава количина на отпад на „Мауцкер“?
– По кој основ, двајца вработени во период од 3 месеци земале директорска плата? За да имате подобри резултати или поголема штета?
– Дали знаете колкава количина на отпад се носи со години на „Мауцкер“, прашуваат од охридската локална самоуправа.
Додаваат дека се подготвени за критика и не се совршени.
– Меѓутоа, таа да биде реална и добронамерна, а не критика со цел да се добијат ситни политички поени. Охрид е повеќе од политика и повеќе од партија. Охрид може и знае и сите заедно ќе го направиме достоинствено и прекрасно место за живеење, стои во реакцијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град