Локална самоуправа: Граѓаните да не почнуваат нелегално да градат

Локалната брзо и ефикасно ќе се справувала со дивоградбите а пример за тоа било вчерашното приведување на градежни работници кои работеле на нелегален објект на ул Марко Нестороски. Од локалната најавуваат интензивирање на  контролите за нелегално градење во соработка со  СВР-Охрид и другите надлежни  државни институции.

 |   | 

Локалната власт во Охрид цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите, велат од локалната самоуправа. Тоа го покажале со вчерашното приведување на градежни работници кои работеле на дивоградба.

Имено, овластениот градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето на нелегален објект на улицата „Марко Нестороски“, кој претходно бил означен и запечатен, побарал асистенција од СВР Охрид.
Во акцијата, СВР Охрид поради  постоење основи за  сомнение за изведување бесправна градба, приведе тројца градежни работници, кои работеле на изградбата на нелегалниот објект на улицата „ Марко Нестороски“ . Според информациите од СВР , се работи за двајца градежни работници од струшкото село Радолишта, како и едно лице од Република Албанија.

Локалната самоуправа со апел до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не почнуваат нелегално да градат, бидејќи нивните објекти во најкус рок ќе бидат урнати. Доколку сами не ги урнат започнатите дивоградби, тоа ќе го стори општината, а трошоците ќе бидат на товар на инвеститорите. Воедно, согласно со законските прописи, против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави за нелегално градење, велат од локалната во писмено соопштение.

Од локалната додаваат дека контролите за нелегално градење ќе се итензивирале, а во нив ќе бидат вклучени СВР-Охрид и другите надлежни  државни институции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top