Локалната сака да го регулира пловниот сообраќај во Охридското езеро

На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба.

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica
Седница

sednica На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за преземање на ингеренциите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Локалната самоуправа. Овие ингеренции во најголема мера се однесуваат на регулирање на водениот сообраќај во крајбрежниот појас.

Општината сака да ја конторилира и внатрешната пловидба по Охридското езеро. На денешното продолжение на 21-та седница на советот, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за барање за пренос на дел од ингеренциите за  пловидба во крајбрежниот појас од централно на локално ниво. Ваквото барање следи поради немањето слух на релевантните органи за средување на проблемот. Имено, од страна на советниците уште во месец јули беше побарано итно изнаоѓање на привремено решение, со цел да се намалат загубите на бродарите, но до тоа не дојде потенцира Советникот Томислав Тунтев.
Инаку советникот Тунтев е и подносител на овој предлог заклучок. Тунтев додаде и дека на овој начин може да се решат голем број од проблемите кои произлегуваат од пропустите во Законот за внатрешна пловидба, како што е немањето на подзаконски акти за решавање на пристаништата, потоа непостоењето на подзаконски акти за комуникација и навигација, недефинираните пловни патишта и многу други проблеми од сферата на овој вид на сообраќај. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пак со став дека ова барање е само резултат на зголемениот апетит на Локалната за ширење на ингеренециите во сите сфери од живеењето.
Со ова заврши денешното издание на 21-та седница на советот. За 26 –те Локалните, плански Урбанистички документации ќе се разговара На нејзиното продолжение кое дополнително ќе биде закажано. Продолжението е закажано во интерес на транспарентноста при донесувањето на точки од областа на урбанизмот како и поради малиот број на советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top