Локалната самоуправа од Охрид, со здружени сили, контра сите искази кажани на вчерашниот прес на ВМРО – ДПМНЕ. Локалната е будна и неспие. Ова е заедничкиот став на раководителите на општинските сектори, кои транспарентно и одговорно излегоа пред јавноста да кажат што сработиле. Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски се пофали со фактот дека општина Охрид е рангирана на 4 место по успешност, во конкуренција на 84 општини во Р. Македонија.
Советникот на градоначалникот за сообраќај, Зоран Шикалоски рече дека, дел од вработените во Локалната се изненадени, кој се поставува прашања. Шикалоски ги спомна сите капитални инвестиции на локалната кои ги направиле во интерес на градот.
Во сферата на урбанизмот тече мед и млеко, според првиот човек на секторот на урбанизам Бранко Арнаудов. Податокот дека аднинистрацијата од овој сектор досега има примено 450 предмети, а одговорила на 285 од нив, е доволен показател за успешната работа во овој сектор, додава Арнаудов.
Александар Китрозоски, раководителот на одделението за финансии, рече дека градоначалникот Петрески уште на самиот почеток на извршување на својата функција се соочил со големи долгови и досега добро се справува со таквата наследена состојба.
Раководителот на Секторот за ЛЕР, Гоце Симоноски се пофали со примена на новиот начин на имплементација на програмите кои ги имале зацртано, секако по сугестија на градоначалникот.
Митре Вељаноски пак, рече дека јавноста во Охрид добро ги препознава ингеренциите на Локалната и Централната власт. Додаде дека доколку во капителните инвестиции државата ги вклучии охриѓани, Охрид ќе добие опера од рангот на „Миланска скала“.
Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче се пофали со својата успешност и рече дека ги почитува законите донесени од сегашната влада и ако тоа на некому не му е јасно, нека се обрати во својата матична партија.
Раководителите на Секторите на Локалната самоуправа денеска беа подостапни од секогаш. Но новинарите не добија одговори од раководителите на секторите на прашања од политичката сфера, а сепак се коментираше строго партиски прес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град