Лесковчани до крајот на 2014та ќе добијат фекална канализација-уверуваат од локалната

Од таму потврдија дека веќе е објавен тендерот за изградба на канализацијата, а деновиве ќе биде избран и изведувачот на работите.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanalizacija
канализација

Лесковчани добиваат фекална канализација до крајот на годинава. Локалната самоуправа најави конечно решавање на овој горлив проблем со кој лесковчани се соочуваат долги години наназад. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека веќе е завршена првата фаза од проектот за изградба на канализацијата која се однесувала на трасирање на канализационата мрежа и решавање на имотно-правните односи, а Министерството за транспорт и врски веќе го објавило тендерот за спроведување на клучните втора и трета фаза, односно самата изградба на мрежата.

fekalna kanalizacija„Се надеваме дека по завршување на тендерот, мислам дека тоа ќе биде деновиве кога ќе биде избран најдобриот изведувач, ќе се пристапи кон реализација односно воспоставување на канализационата мрежа во Лескоец. Да кажам и тоа дека сега е таканареченото завршување на втората и третата фаза со која ќе бидат опфатени улиците низ Лескоец, со повеќе кракови низ селото, во должина од 8 километри и се надеваме дека како што реков, по завршувањето на тендерот, веднаш ќе се започне со реализацијата на овој проект.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

Овој значаен проект за жителите на Лескоец, локалната ќе го реализира со средства обезбедени преку заем од Министерството за транспорт и врски.

Leskoec kanalizacija„Целиот проект тежи 1.270.000 евра, а за оваа втора и трета фаза, сега во овој момент за изведување на овие градежни работи е бидат потребни 900.000 евра. Се очекува најдоцна до крајот на 2014та година да бидат завршени градежните работи, можеби дури и да започне дел од четвртата фаза, но најверојатно четвртата фаза ќе биде обезбедена со средствата со предвидената програма за 2015та година.“-рече Џамтоски.

Со реализацијата на оваа втора и трета фаза од проектот, Џамтоски вели дека ќе бидат опфатени нешто повеќе од 90 проценти од домовите во Лескоец, додека 100 процентната реализација на проектот се очекува во 2015та година.

Инаку проблемот со неизградената фекална канализација во Лескоец постои долго време. Веќе неколку години целиот процес околу поставувањето на канализационата мрежа во Лескоец, тапкаше во место, а како причина се наведуваа нерешените имотно правни односи. Сега останува само да видиме како ќе оди реализацијата на градежната фаза од целиот проект и дали лесковчани, конечно, во 21от век ќе добијат канализациона мрежа како и секое урбанизирано место.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top