ТВМ дознава дека деновиве до регионалниот центар за заштита на културното наследство во Венеција, била доставена иницијатива за отворање на Локална канцеларија на УНЕСКО.
„ Постапката е во тек и очекуваме позитивни сигнали“, вели Антонио Балев, член на Македонската делегација во УНЕСКО:
Во тек е иницијатива во Охрид, да се формира локална канцеларија на УНЕСКО. На последната работилница на оваа организација на Обединетите неции, од Југоисточна Европа, која се одржа во Црна Гора, била покрената иницијатива за отворање на Локална канцеларија на Унеско и евентуално УНЕСКО и Светски центар за наследство.
„Нашиот град заслужува да има директен контакт со организацијата на Обединетите нации која се грижи за заштита на природното и културното наследство“, вели Антонио Балев, член на македонската делегација во УНЕСКО.
Тој за ТВМ потврдува дека до канцеларијата на Унеско во Венеција, веќе биле испратени приоритетите на Охрид. „Постапката е во тек и морам да признам дека од таму очекуваме позитивни сигнали“, додава тој.
„Целта што ја покренавме оваа иницијатива е добивање на информации од прва рака бидејки националната комисија во Скопје која е дел од Министертството за култура до денес не даде никакви резултати во однос на искористувањето на членството на Охрид во организацијата, вели Балев.
Инаку Охрид е под заштита на Унеско од 1979 год. Нашиот град е еден од ретките кој оваа организација на Обединетите нации го заштитува по две основи Природно и културно историско наследство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град