Локалната не се откажува од изградба на катни гаражи

Катни гаражи сепак ќе се градат во Охрид. Локалната самоуправа уште пред две години во урбанистичките планови, зацрта изградба на катни гаражи. Плановите  закочија околу сопственоста на земјиштето каде треба да се градат истите, вели градоначалникот Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
parking
паркинг

parkingКатни гаражи сепак ќе се градат во Охрид. Локалната самоуправа уште пред две години во урбанистичките планови, зацрта изградба на катни гаражи. Плановите  закочија околу сопственоста на земјиштето каде треба да се градат истите, вели градоначалникот Александар Петрески.

„ Таа земја каде се предвидува катна гаража сопственик е Р Македонија, а дел сеуште е во постапка на денационализација. Главен проблем што сеуште не е распишан тендер за катната гаража е сопственоста на земјиштето. Ние како општина мораме да го добиеме земјиштето за да можеме да распишеме тендер за изградба“, истакна градоначалник на Охрид Александар Петрески.

Градоначалникот додава дека локалната очекува владата да го префрли земјиштето, за да може овој јавен објект да се изгради. Штом овој проблем се реши веднаш ќе пристапиме кон изградба на објектите, вели Петрески.

„ Има многу заинтересирани за изградба на спратни гаражи што ние сигурно со јавно приватно партнерство со тендер со други понудувачи сигурно ќе ги направиме. Кај пазарот сигурно ќе се гради“, додава Петрески.

Покрај кај градскиот пазар изградба на катни гаражи е предвидена и наспроти Охридатите, кај пумпната станица од водовод кај хотелот Бетон со која ќе бидат опфатени плажите, потоа во стариот дел на Охрид кај Горна Порта и на паркингот зад Центарот за култура.
Покрај овие градоначалникот вели дека локалната има зацртано изградба и на подземни гаражи и тоа кај пазарот и кај полигонот, каде треба да се гради повеќенаменски конгресен центар. Овие решенија за паркирање на авомобили треба да бидат доволни за следниве 20 години Охрид воопшто да нема проблем со паркирање на автомобили, тврди првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески.    

Останува да се надеваме дека плановите на локалната самоуправа за брзо време ќе станат реалност и дека  конечно во нашиот град ќе се реши еден од најголемите проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top