Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата. „Законот со кој општините може да стопанисуваат земјиштето на својата територија стапи на сила од 01.06, но тоа незначи дека од 1 јуни автоматски можевме да го превземеме земјиштето“, вели градоначалникот Петрески.
„ Ние влеговме во тој процес и од пет шест главни услови кои требаше да ги исполниме сите услови ги имаме исполнето и како општина бевме една од ретките кои ги исполнивме тие услови. Останува уште да донесеме програма на советот за менаџирање на тоа земјиште. И оваа програма на првиот или вториот совет, седница на совет ќе ја донесеме и со тоа ќе ги исполниме условите да го превземеме државното земјиште, да стане општинско“, истакна градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Првичната програма која ќе ја донесеме, сигурно дека ќе се надополнува. Но оние локации кои се најпотребни и најатрактивни веднаш ќе ги превземеме“, додава првиот човек на Охрид.
„Се знае кои локации се, но ние не ги знаеме сите. За тие податоци треба информации да добиеме од катастар, а за да ни ги даде информациите бараат многу пари. Иницијативата на ЗЕЛС е Кастарот, затоа што е државен овие податоци да ни ги даде бесплатено, затоа што и тие податоци што ги има катстарот ги има од наши средства, а не од нивни. Доколку ги имаме информациите од кастар ние можеме целосно земјиштето да го превземеме. Сигурно во првиот план се плажите кои ќе ги превземеме“, вели Петрески.
Градоначалникот додава дека кога станува збор за плажите, локалната најпрво ќе мора да ги почитува договорите онакви какви што се, се додека на закупците не им истечат договорите, потпишани со министерството за транспорт и врски. Потоа локланатата е таа која ќе ги издава плажите под концесија. таткото на градот појаснува дека откако општина Охрид ќе ги превземе сите локации најпрво секоја локација ќе се разгледува, и според интересот на општината така и ќе се постапува, поточно ќе се види дали земјиштето ќе се продава, издава или ќе биде предмет на закуп преку моделот на јавно приватно партнерство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град