• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Предлогот за нов директор на гимназија одбиен поради незапазување на законоската постапка-реагираат од Локалната

Предлогот за нов директор на гимназија одбиен поради незапазување на законоската постапка-реагираат од Локалната

Експресна реакција од Локалната самоуправа на прес конференцијата на СДСМ по повод поништувањето на изборот за нов директор на гимназијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
lokalna
локална

Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи.

LokalnaВо нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната партиско-политичка празна реторика нема за цел да укаже на некоја евентуално законска недоследност, затоа што таа не постои, туку има за цел да изврши нападно инсистирање на кршење на законите за свои партиски интереси. И тоа замислете, го прави СДСМ и луѓето кои бескруполозно ги изгазија сите можни законски процедури при своето практикување власт во Охрид. Свесни сме дека оваа политичка партија не прифаќа закон, одлука на државен орган или пак укажување за непочитување на процедурите од институција. За нив секогаш меродавен бил единствено судот на нивната партија и ништо повеќе од тоа. Предлогот на Училишниот одбор за директор на Охридската гимназија, беше вратен од страна на градоначалникот Бакрачески, заради тоа што беше евидентирано дека постапката не се водела согласно Статутот на училиштето и Деловникот за работа на Училишниот одбор, како и поради тоа што до градоначалникот Бакрачески не беше доставен План и Програма за работа на предложениот кандидат, што е основ по кој ќе се вреднува неговиот натамошен ангажман. Поништувањето на постапката за избор на директор на гимназијата е направена од страна на државен орган, односно Државниот трудов инспектор кој постапувајќи согласно своите законски овластувања, донесе Решение, со кое се наредува на Училишниот одбор да ја поништи постапката, заради констатирани неправилности во истата и за преземените дејствија се задолжени да го известат инспекторатот.И кога сме веќе кај наредбодавците, Градоначалникот Бакрачески има наредбодавеци-тоа се ЗАКОНИТЕ и УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и граѓаните на Охрид, кои му дадоа мандат. Прашање е кој се наредбодавците на СДСМ во Охрид, дали се  истите оние луѓе кои што системски ја уништуваа иднината на градот за нивни лични интереси.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top